Сообраќај

МВР: 138 санкционирани возачи во Скопје

01.08.2023 08:39

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 138 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 63 санкции, три мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за користење мобилен телефон при возење, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), информираат од МВР.