Министрите на ДУИ денеска и формално ќе ги поднесат условените оставки на седница на Влада
Потребата за носење на уставните измени минатата недела го мина комисискиот филтер, а пленарната седница е закажана за 18-ти август. За да помине предлогот за уставни измени потребно е двотретинско мнозинство или поддршка од 80 пратеници...

Условените оставки на министрите од ДУИ денеска формално ќе бидат доставени до премиерот, на владина седница, потпишани поединечно од секој од петмината министри, најави вчера шефот на дипломатијата и потпретседател на ДУИ Бујар Османи.
Потребата за носење на уставните измени минатата недела го мина комисискиот филтер, а пленарната седница е закажана за 18-ти август. За да помине предлогот за уставни измени потребно е двотретинско мнозинство или поддршка од 80 пратеници. Од власта изјавија дека им недостигаат осум пратеника, од опозицијата велат не е точно дека фалат уште осум пратеника до потребното мнозинство за гласање, туку дека има пратеници од владејачкото мнозинство, вклучително и од СДСМ, кои се против уставните измени.
Усвојувањето на уставните измени е обврска од преговарачката рамка со Европската Унија и е услов за одржување на втората меѓувладина конференција со ЕУ до декември 2023-ра година и продолжување на преговорите по кластери и поглавја.
