Зеленски: Санкциите против Русија треба значително да се зголемат
Руската противвоздушна одбрана, во раните утрински часови, собори неколку беспилотни летала над главниот град. Нови напади и врз Харков...

Руската противвоздушна одбрана, во раните утрински часови, собори неколку беспилотни летала над главниот град. Затворен еден од аеродромите во главниот град. Нови напади и врз Харков. Украинскиот претседател вели дека неодамнешниот напад врз Криви Рих, покажува оти украинската војска мора да има доволно оружје за да се справи со непријателот. Според Зеленски, санкциите против Русија значително треба да се зголемат. Киев и Москва со денови меѓусебно се обвинуваат за напади врз цивилна инфраструктура во Украина и во Русија.
„За безбедноста на нашите градови, за заштита на нормалниот живот на Украинците и нашите деца, нашата војска мора да има доволно оружје со долг дострел, доволно средства да ги порази терористите. Притисокот од светските санкции против Русија треба значително да се зголеми“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
На 5-ти и 6-ти август, 30 земји учествуваат во мировните разговори за Украина во Џеда, но Кремљ не е поканет.
