БиХ
Соработниците на Додиќ на црната листа на САД
01.08.2023 10:02
САД воведоа санкции против четворица највисоки функционери на босанските Срби, вклучително и српската членка на претседателството на земјата...

САД воведоа санкции против четворица највисоки функционери на босанските Срби, вклучително и српската членка на претседателството на земјата, за поткопување на мировниот договор со кој заврши војната на балканската земја во 1990-та, односно Дејтонскиот договор.
Санкционираните велат дека овој чин го сметаат како одликување за непоколебливото штитење на државните интереси на БиХ. Вашингтон во 2017-та го стави на црна листа и лидерот на босанските Срби, Милорад Додик.
