Свечено затворано 53. издание на „Илинденски денови“
Во пресрет на големиот државен празник „2-ри август“, со прогласување на наградените, свечено беше затворено 53. издание на републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“. Со гости од осум земји од светот, повеќе од 60 настани и над 1.200 гости учесници...

Со ревијален настап на гостите од странство, доделување на признанија на најдобрите и прогласување на најуспешните фолклорни групи, културно-уметнички друштва, ансамбли и поединци кои настапија, свечено беше затворено 53-то издание на фестивалот „илинденски денови“
Овој фестивал е еден отворен круг во кој се презентираат, афирмираат и живеат домашните и светските културни идентитети. Сите заедно испишавме една убава историја за градот и за државата – рече директорката на центарот за култура
„Поминавме 13 дена над 60 настани. Сите заедно запишуваме убава историја на градот“, рече маја Андоновска-Илијевска, директорка на центарот за култура.
Низ моќта на музиката, танцот, филмот уметноста, Битола беше домаќин на гости од Италија, Ирска, Мексико, Чиле, Хрватска, Србија и Бугарија, кои заедно со домашните изведувачи и публиката, создадоа една атмосфера на културна раздвиженост низ градот.
Градоначалникот Коњановски на помладите генерации им порача, да продолжат да ја негуваат традицијата
„Како Македонци и како битолчани, да го трасираме патот на напредокот“, рече битолскиот градоначалник, тони Коњановски.
Единствениот од Македонија, кој поседува сертификат за интернационален фестивал и е дел од големото светско семејство на фолклорни фестивали ЦИОФФ, во текот на 13 дневна фолклорна прошетка, преку 60-тина настани и повеќе од 1.200 гости, Битола ја направи светски центар на културата и традицијата.
Александра Максимовска
