МВР
Приведен крадец од Куманово
01.08.2023 10:51
На 31.07.2023 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Р.(20) од Куманово...

На 31.07.2023 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Р.(20) од Куманово. Тој се сомничи дека истиот ден влегол во куќа на улицата „Трст“ во Куманово и одзел разни предмети.
А.Р. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
