Одбележување

Во Крушево почнува чествувањето на 120 години од Илинденското востание и Крушевската Република

01.08.2023 11:40

Со отворањето на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“, вечер на Гумење, во Крушево, почнува чествувањето на 120 години од Илинденското востание и Крушевската Република...

Со отворањето на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“, вечер на Гумење, во Крушево, почнува чествувањето на 120 години од Илинденското востание и Крушевската Република.

На отворањето на манифестацијата ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски. Во рамките на чествувањата за „Илинден“, делегација ја посети спомен-куќата на Смилевскиот конгрес во Смилево, а пред споменикот на Дамјан Груев ќе положи свежи цвеќиња.

Пред отворањето на манифестацијата, крушевчани ќе ја пречекаат илинденската коњица. Во чест на големиот илинденски јубилеј, Државниот архив пред Македониумот ја отвора изложбата на документи и фотографии насловена „120 години Илинденското востание – архивска меморија“.

Многубројни делегации ќе се поклонат и ќе му оддадат почит и на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев, пред неговото вечно почивалиште во куполата од споменикот „Илинден“ на Гумење, во Македониумот. Централното чествување е на Мечкин Камен, каде што ќе се обрати претседателот на Собранието, Талат Џафери.