КИНА
Загинати и повредени по обилните врнежи во Пекинг
01.08.2023 11:48
Кинеската војска во мисија за спасување на погоденото население од бурата „Доксури“ со моќност на супертајфун...

Најмалку 11 луѓе загинаа, а десетици се водат за исчезнати по обилните врнежи што го зафатија Пекинг. Кинеската војска во мисија за спасување на погоденото население од бурата „Доксури“ со моќност на супертајфун. Со воени хеликоптери се доставуваат неопходните продукти на патниците заробени во возовите.
Прогнозите говорат за слабеење на „Доксури“, но се приближува тајфунот „Ханун“. Властите во Јапонија им препорачаа на илјадници луѓе од островот Окинава да се евакуираат.
Речиси 15.000 домаќинства останаа без струја во Токио и околните места.
