Дипломатија

Османи ги прими акредитивните писма од новиот австриски амбасадор, Памер

01.08.2023 11:53

Министерот Османи посакувајќи му добредојде и успешна дипломатска мисија на новиот амбасадор, истакна дека очекува поблиска соработка, како и изрази задоволство од одличната билатерална соработка меѓу двете земји, која се карактеризира со активен политички дијалог на највисоко ниво...

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, денес ги прими копиите акредитивните писма на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Австрија во Северна Македонија, Мартин Памер.

Министерот Османи посакувајќи му добредојде и успешна дипломатска мисија на новиот амбасадор, истакна дека очекува поблиска соработка, како и изрази задоволство од одличната билатерална соработка меѓу двете земји, која се карактеризира со активен политички дијалог на највисоко ниво, што претставува потврда за определбата и интересот на двете држави за натамошно зајакнување на односите и во економската сфера.

Амбасадорот Памер ја реафирмира позицијата на недвосмислена поддршка на Австрија за нашиот евро-интегративен процес, поздравувајќи ја сеопфатната реформска агенда на Владата на Северна Македонија со акцент на актуелните предизвици во земјата.

На средбата стана збор и за соработката во контекст на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, со акцент на успешното функционирање на Организацијата, како и за предизвиците во однос на руската агресија врз Украина.