Продолжува потрагата за исчезнатиот лице во езерото Глажња
Продолжува потрагата за исчезнатиот капач кој влезе во липковското вештачко езеро Глажња. Водите на езерото трет ден ги пребаруваат екипи на полицијата, дирекцијата за заштита и спасување. Пристигнаа и нуркачи од Косово...

Трет ден продолжува потрагата по исчезнатото 30-годишно лице, кое влегло да се капе во вештачкото езеро Глажња во Липково. Нуркачи на дирекцијата за заштита и спасување, заедно со припадниците на специјалната единица „Тигар“ ги пребаруваат водите на езерото. Во потрагата е вклучена и екипа од пет лица од Косово, нуркачи кои досега имале интервенции на локацијата. Потрагата како што информираа надлежните е отежната поради местоположбата и слабата видливост. Вклучен е и специјален подводен дрон на дирекцијата.
„Видливоста е многу мала некои 40-ина сантиметри, што дополнително го отежнува нуркањето и пребарувањето на теренот. Самиот терен е многу кос, многу стрмен што исто така е проблем“, истакна Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.
Заради полесно пребарување вработените на Водостопанство „Кумановско липковско поле“ од вчера затворија еден од вентилите на браната. Во моментов е запрен системот за наводнување. Потрагата по исчезнатиот млад жител на липковското Никуштак трае од завчера. Ова не е прв пат жители да се капат во вештачките езера во липковско. Некои од случаите завршија и трагично.
Елена Георгиевска
