САД
Полицијата во Мемфис застрела и рани осомничен за напад во еврејско училиште
01.08.2023 13:30
Мажот, чијшто идентитет не се открива, истрелал неколку куршуми и првично успеал да побегне со камион...

Полицијата во Мемфис застрела и рани осомничен за напад во еврејско училиште. Мажот, чијшто идентитет не се открива, истрелал неколку куршуми и првично успеал да побегне со камион.
Полицијата пукала кон него откако излегол од возилото, држејќи огнено оружје. Сега е во критична состојба. Пред четири месеци, напаѓач отвори оган во приватно христијанско училиште во Нешвил при што загинаа шестмина.
