Спортистите и актерите повикаа на обединување!

20.05.2014 17:29

Водени од мислата дека граѓани на Србија И Босна и Херцеговина се жедни и гладни имаат недостаток од лекови и облека, остана безсвоите домови и најблиски, ракометарите на Вардар и познати актери купија карта за хуманитарниот концерт.

Со тоа се приклучија во акцијата во која илјадници луѓе изминатава недела донараа за помош за поплавените. Црвено црните ги повикаа граѓаните да купат билет за хуманитарниот концерт во Скопје.

„Многу се радувам што владата на РМ и цела Македонија му помогна на мојот народ и многу сум горда и среќна што играм за Бардар...Ги повикувам сите македонци, како и до сега што помагаа, да купат карта за овој концерт... Ги повикувам сите да дојдат и да помогнат во овие тешки времиња...“ велат играчите на Вардар
Покрај Вардарци во хуманитарен поход се и актерите. И тие ќе присуствуваат на хуманитарниот хепениг во Борис Трајковски каде ќе настапат најпознатите имиња од македонската естрада. Но нивната желба да им се помогне и подаде рака на настраданите соседи е огромна. Најавија хуманитарни претстави и културни настани.

„Сите заедно да се обединиме во хуманоста и да покажеме дека ние од Македонија сме солидарни“, вели Дејан Пројковски, уметнички директор на МНТ

„Да покажеме дека ние од Македонија сме хумани иако тоа сме го покажале многу пати“, вели Дејан Лилиќ, актер

„За овие луѓе од Србија, Хрватска, Босна се сеуште таму и имаат некаква надеж. Да им помогнеме“, вели Рубенс Муратовски, актер

Концертот на кој ќе настапат Калиопи, Каролина, Тијана, Тамара, Елена, Сара, Гиш, Џорлев и многу други ѕвезди ќе се одржи овој четврток во СЦ „Борис Трајковски“. Карти за концертот чинат само 150 денари. Спортистите и актерите повикаа, да се обединиме уште еднаш и да покажеме дека Македонија може, знае и сака да биде хумана.

Викторија Тодоровска