Во Тетово „Илинден“ ќе се чествува во организација на Сојузот на борци
Како и секоја година во Тетово празникот Илинден ќе се прослави со скромно чествување во организација на Сојузот на борци Тетово. Општината не ги организира државните празници, а ретко испраќа свои делегации. Само неколку знамиња поставени низ центарот на Тетово со децении сведочат дека е државен празник...

Незаинтересираноста на општинските власти за прослава на државните празници трае подолг период, вели претседателот на Сојузот на борци. Јоцко Димитриевски.
Историјата не треба да ја забораваме оти преку неа се гради државата, но за жал најповиканите локалните власти имаа игнорантски однос кон неа.
Поголем дел од граѓаните велат дека празникот ќе го прослават дома. оти нема активности во градот по повод Илинден. Некои, ниту знаат дека утре е празник
Инаку. Споменикот на револуцијата е еден ретките во градот кој наместо локалната самоуправа го одржуваат здруженијата, како Сојузот на борци. Спомен бистите на двата народни херои од НОБ, отстранети од градскиот плоштад во 2006 година поради негова реконструкција, општината одбива да ги врати назад.
Зоран Димовски
