Во Крушево се одржа научна конференција „120 години од Илинденското востание“
Денеска во Крушево се одржа научна конференција „120 години од Илинденското востание“, во организација на матицата на иселениците...

Македонската државност почива на темелите на Илинденското востание, илинденската револуција. Почива на двата Илиндена, а македонскиот народ има своја историја и содржина во двете востанија – 1903-тата и 1944-тата. Секој обид за минимизирање е негирање на македонството. Македонската држава не е за поткусурување, беше истакнато на научната конференција во Крушево за „120 години Илинденско востание“.
Според претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев потребен е трет Илинден. Идентитетството не смее да се доведе во прашање.
Македонското малцинство во Бугарија ги продолжува своите настојувања за признавање.
Ова е прва научна конференција посветена на значењето на Илинден.
Елизабета Митреска
