Цената на храната ќе расте поради поплавите
Од Стопанската комора очекуваат нашите земјоделци стоката да ја носат на пазарите во соседството, каде што ќе добијат повисока цена...

Непогодите во регионот се очекува да ја зголемат цената на храната. Ова особено се однесува на овошјетои на зелечукот.
„Цените ќе имаат благо покачување, не драстично“, вели Весна Заревска.
„Кај нас се уште нема промени, а кај земјоделците не знам, засега цената е иста“, додава Борис Гошев.
Од Стопанската комора очекуваат нашите земјоделци стоката да ја носат на пазарите во соседството, каде што ќе добијат повисока цена, а во Македонија ќе има недостиг. Но смируваат, леб ќе јадеме по сегашната цена.
„Житницата Војводнина и Мачва, каде што две третини, ако не и повеќе, се произведуваат знести култури воопшто не се зафатни. Се очекува дека во овој дел нема да има никакви проблеми ниту пак ќе има придвижувања на цените“, изјави Васко Ристовски, Стопанска комора на Македонија.
Според Стопанската комора, позитивно е тоа што кај нас се очекува поголем принос на пченицата за 20 проценти. Со владината мерката од пред два месеца, увозот е слободен во текот на целата година. Србија е четврти надворешно трговски партнер на Македонија. Размената изнесува речиси 194 милиони долари. Повеќе увезуваме отколку што извезуваме.
Наташа Јанчиќ
