Ниш

Македонците кои живеат во Ниш го одбележаа Илинден

01.08.2023 17:32

Македонците во Ниш денес со пригодна свеченост почнаа да го одбележуваат 2 Август, кој е истовремено е и национален празник на македонското малцинство во оваа држава...

Македонците во Србија, во градот Ниш денес со прием и пригодна свеченост почнаа да го одбележуваат 2 август, денот на Републиката, Илинден, кој во Србија е и национален празник на македонското малцинство во оваа држава.

Македонското здружение „Вардар“ од Ниш, кој го организира приемот и одбележувањето на Илинден, ова го прави веќе 20 години, за пријателите на здружението и на Македонците во општината Ниш, со цел потсетување на најголемиот македонски национален празник-120 години од Крушевската Република и 79 години од АСНОМ и основањето на првата македонска држава на овие простори.

„За нас Македонците тоа е нешто најголемо што може да биде на овој свет. Тоа е најголем празник во сите сегменти на животот на Македонците, кај и да се, дали во Македонија, дали во Србија или во дијаспората низ цел свет“, изјави Благоја Илиевски, основач на Здружението „Вардар“ во Ниш.

На денешното одбележување на Илинден во Ниш, покрај македонската заедница во овој град, прусуствуваа и претставници од нишките општини и градската управа, СУБНОР, здруженија од другите малцинства во Србија и в.д.македонска амбасадорка во Р. Србија, Михаела Веселинов.

 

Оливер Бранковиќ