Временска прогноза
Сончево и топло со температура до 37 степени
02.08.2023 09:15
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.
