Премиерот Ковачевски по повод Илинден, оддаде почит со положување цвеќе пред Споменикот на Слободата-„Сила, слава и победа“ на Тврдината Кале
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Скопје положи свежо цвеќе пред Споменикот на Слободата-„Сила, слава и победа“ на Тврдината Кале...

По повод големиот државен празник 2-ри Август, Денот на Републиката – Илинден претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Скопје положи свежо цвеќе пред Споменикот на Слободата-„Сила, слава и победа“ на Тврдината Кале. Премиерот Ковачевски, ја предводи владината делегација во чиј состав се првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори Фатмир Битиќи, министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Граѓаните на Република Северна Македонија под мотото „120 години Илинден – Огниште на татковината“ го празнуваат големиот национален празник 2-ри Август – Илинден.
