САД

Ново обвинение против Трамп за обид за промена на изборните резултати во 2020

02.08.2023 10:45

Од судот во Вашингтон, Трамп се товари за заговор за измама против САД, обид за попречување на службени постапки, како и заговор против правата...

Ново обвинение против поранешниот американски претседател Доналд Трамп за обидите да изврши промена на резултатите од изборите во 2020. Од судот воВашингтон, Трамп се товари за заговор за измама против САД, обид за попречување на службени постапки, како и заговор против правата. Со обвинението се опфатени шестмина кои учествувале во заговорите.

Ова обвинение ќе влезе во историјата и како прв случај во кој американски претседател се соочил со кривичен процес за манипулирање со избори. Трамп пред неколку недели беше обвинет и за неовластено поседување на документи.