Куманово

Продолжува потрагата по лицето кое исчезна во езерото Глажња

02.08.2023 12:28

Од Центарот за управување со кризи информираат дека условите за потрага се многу тешки, брегот бил стрмен, а длабочината на водата повеќе од 20 метри на само неколку метри оддалеченост од брегот...

8-мина нуркачи од армиските специјалци „Волци“ во текот на денот ја продолжија потрагата по 29-годишното момче кое на 29-ти јули исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња во Липковскиот регион. Од Центарот за управување со кризи информираат дека условите за потрага се многу тешки, брегот бил стрмен, а длабочината на водата повеќе од 20 метри на само неколку метри оддалеченост од брегот. Лоша била и видливоста на поголема длабочина.

Се пребарува и брегот на езерото. СВР Куманово го обезбедува местото на несреќата.