трново

52-ра семакедонска иселеничка средба во Трново

02.08.2023 15:13

Само обединети и сложни можеме да се спротивставиме на нашето негирање и пропагандата за нашето битие што ја шират некои од соседите но и да им помогнеме за правата на нашинците кои живеат во тие земји, беше само една од многуте пораки на организаторите и интелектуалната фела од собирот на 52-та светска семакедонска иселеничка средба во потпелистерското Трново...

Илинден не учел и не учи како да застанеме цврсто за да го браниме нашиот идентитет, култура и права. Само обединети можеме да се спротивставиме на оние кои го шират антимакедонизмот со цел да се дадат нови димензии на историските факти-порачаа меѓу другото организаторите на 52-та светска семакедонска средба од потпелистерско Трново.

Вие сте Македонци а не обична дијаспора. Вие ни ја давате нашата сила. Во овие услови на политичка и лична дрскост вие ќе бидите носителите на македонството кое треба да се препороди, рекоа дел од останатите говорници.

Проблемите со кој се соочуваат на собирот ги кажаа и дел од нашинците што живеат во опкружувањето. Инаку собирот започна со благослов на Митрополитот г. Петар и добредојде од покровителот- градоначалникот Тони Коњановски.

 

Стевче Митревски