регион
Во Грција 118 објекти се окарактеризирани како опасни за употреба
02.08.2023 15:29
Во Грција заврши првата фаза од регистрацијата на штетите по пожарите во западниот и источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во Коринт и на Родос...

Невреме со урагански ветер синоќа го зафати северозападниот дел на Словенија, штети се забележани и во источниот дел. Ново невреме претходно го погоди италијанскиот регион Венето. Во Грција пак, заврши првата фаза од регистрацијата на штетите по пожарите во западниот и источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во Коринт и на Родос.
118 објекти се окарактеризирани како опасни за употреба. И натаму постои опасност од нови жаришта.
