ин мемориам

Почина Александар Богески, беше вработен во техниката во МТВ

02.08.2023 13:25

Зад негово име останаа многубројни дела, од емисии до преноси. Неговиот погреб ќе биде извршен утре на градските гробишта во Ѓорче Петров во 12 часот...

На 69 годишна возраст почина Александар Богески. Тој долги години беше вработен во техниката во Македонската телевизија, како микроман. Зад негово име останаа многубројни дела, од емисии до преноси. Неговиот погреб ќе биде извршен утре на градските гробишта во Ѓорче Петров во 12 часот.

Еден час претходно, неговите посмртни останки ќе бидат изложени во капела.