Бугарскиот претседател Радев со честитка по повод Илинден
Во честитката напишал дека востанието е голем и значаен настан од заедничкото историско и културно минато и ги поврзува двете држави и нивните граѓани...

Бугарскиот претседател Радев упати честитка до македонскиот колега Пендаровски по повод Илинден. Во неа напишал дека востанието е голем и значаен настан од заедничкото историско и културно минато и ги поврзува двете држави и нивните граѓани.
„Одразот на идеалите за слобода, еднаквост и братство на нашите предци денеска го препознаваме во основните права на Европската унија, кон кои искрено посакуваме да се приклучите“-напишал Радев, повикувајќи на исполнување на преземените обврски на патот кон ЕУ.
„Заедно можеме и мораме да ги решиме отворените прашања во билатералните односи“ - стои во честитката од Радев.
