галичица

Спасувачка акција на Галичица

02.08.2023 18:52

Холандски државјанин се здобил со тешки телесни повреди при спуштање со параглајдер на падините на планината од македонската страна...

Попладнево, спасувачка акција на Галичица. Полициски припадници на хеликоптерската единица, алпинистичкиот тим и живото-спасителите од Одделот за специјални операции, заедно со граничната полиција интервенираа откако било пријавено дека холандски државјанин се здобил со тешки телесни повреди при спуштање со параглајдер на падините на планината од македонската страна.

По извршената имобилизација, човекот со хеликоптер и сериозни повреди на ’рбетот, е префрлен на скопските клиники.