мвр
Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога
02.08.2023 20:55
Полициски службеници од Полициската станица Кавадарци, по претходно добиена судска наредба, извршиле претрес во домот на М.М.(39) при што биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја...

Вчера во 23.00 часот во Кавадарци полициски службеници од Полициската станица Кавадарци, по претходно добиена судска наредба, извршиле претрес во домот на М.М.(39) при што биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
