Гранични премини

На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час

03.08.2023 08:58

На останатите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од земјата...

На граничниот премин „Богородица“ за излез и на преминот „Табановце“ за влез во државава има зголемена фреквенција, времето на чекање утрово е околу 30 минути, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

На останатите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од земјата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информира АМСМ.