Македонија

Земјотрес во Албанија, почуствуван во југозападните делови од земјава

03.08.2023 09:01

Земјотрес со локална магнитуда од 3,1 степени по Рихтер синоќа во 22.44 часот регистрирала Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје...

Земјотрес со локална магнитуда од 3,1 степени по Рихтер синоќа во 22.44 часот регистрирала Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресот бил во Албанија, на 97 километри југозападно од Скопје.

- Според досегашните информации, земјотресот е почувствуван во југозападните делови на нашата Република, со интензитет од II – III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Опсерваторијата.