Велес

Противпожарниот воз на Македонски Желеезници ставен во функција

03.08.2023 11:27

Поради дождливиот јули, годинава противпожарниот воз на Македонски железници подоцна е ставен во функција, за три седмици откако дежура на железничка станица во Велес, досега нема ниту една интервенција...

Против пожарниот воз на Македонски железници засега нема работа иако во функција е три седмици. Тој е поставен на Железничка станица - Велес. Започна со дежурства подоцна од претходните години, бидејќи до 15-ти јули имаше дождлив период. Возот се состои од две цистерни со по 50 тони вода и еден вагон со агрегат кој служи за пумпање на водата, но и осветлување на теренот ноќе.

Го опслужуваат по две обучени лице, железничари во една смена. Вкупно ангажирани се осуммина, кои дежураат 24 часа. За негово придвижување послужува било која локомотива која во тој момент ќе се најде на Железничка станица во Велес, бидејќи овој воз има приоритет. Возот има можност да создава пена со која се гасне огнот.

Од Македонски железници ја истакнуваат соработка со противпожарната единица од Велес, од каде во случај на пожар, се полнат цистерните. Овој воз има функција на хемиски воз. Мине покрај пругите во рана пролет ја прска околината за сузбивање на вегетацијата.

 

Петар Печков