Прилеп

Прилепските пензионери на протест, бараат линеарно покачување

03.08.2023 12:11

Прилепските пензионери, најмногу оние со ниски пензии денеска на самоиницијативен протест. Бараат линеарно, а не процентуално покачување на пензиите како што е предвидено. За нив тоа е срамно и недостоинствено, се чувствуваат како граѓани од трет ред, без права...

Линеарно, а не процентуално зголемување на пензиите, зашто потребите на сите се исти, без разлика на висината на пензиите. Зголемувањето од 6,8 проценти во септември е срамно и недостоинствено за живот, велат прилепските пензионери кои излегоа на самоиницијативен протест. Се чувствуваат како граѓани од трет ред. Сакаат да живеат, а не да преживуваат.

Во прилепскиот регион се близу 15.000 пензионери. Повеќе од половината се со ниски пензии, под 15.000 денари. Со предвиденото зголемување, пензионерите со најниски примања ќе добијат по околу 700 денари.

 

Елизабета Митреска