Македонија и граѓаните бараат брзи предвремени избори, немаат доверба во власта, став на ВМРО-ДПМНЕ
Со оставките на ДУИ се исполнети сите услови на Мицкоски за гласање на уставните измени, сметаат социјалдемократите. Велат, ВМРО-ДПМНЕ може веднаш да влеза во Влада, а по изгласувањето да се распишат предвремени избори. Од опозициската партија тврдат оти власта го нема потребното двотретинско мнозинство, па мора секојденевно да тактизира за купување време...

Со оставките на министрите од ДУИ, што ќе стапат на сила веднаш по усвојувањето на уставните измени, исполнети се сите услови на Христијан Мицкоски што самиот тој ги постави, за неговата партија да поддржи уставни измени. Мицкоски и ДПМНЕ можат веднаш да станат дел од влада во која нема да учествува ДУИ, а потоа и да се организираат предвремени избори, велат социјал-демократите.
Власта го нема потребното мнозинство за уставни измени и секојдневната нивна реторика за нив е само тактика за купување време за останување на власт, велат во ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската партија повторно бара одговор од власта каде се четири милиони долари од поделбата на имотот на поранешна Југославија, кои легнале на сметка на Македонската мисија во ОН. Прашуваат, зошто амбасадорот Фрчковски не ги префрла парите во Буџетот на земјата.
Миле Ристески
