Тони смет низ тетовските улици и тротоари
Разновиден комунален смет, кабаст отпад, стар мебел, преполни контејнери, непријатна миризба која се шири низ Тетово во време на високи температури. Граѓаните никако да се спасот од сметот околу нив, а и тие слободни јавни површини кои останаа не се одржуваат...

Купишта тони смет низ тетовските улици и тротоари, мини диви депонии околу контејнерите. Ова е вообичаената слика во Тетово, во месеците кога се пристигнати печалбарите.
Од ЈКП Тетово, велат дека нивните екипи се постојано на терен, но не можат да постигнат оти на дневна основа во летниот период се создаваат двојно поголеми количини на комунален смет.
Во Тетово недоволно се одржуваат и слободните зелени површини. Локацијата која беше дел од некогашниот спортски центар е претворена во џунгла. Целата е обрасната со трева и трње. Оваа површина важеше за расадник на спортисти, сега е дувло и извор на зараза, реагира спортскиот работник Александар Бачевски
Пред еден месец градоначалникот на Тетово Билал Касами, најави дека ЈКП Тетово ќе ги зголеми своите капацитети во пресрет на доаѓањето на печалбарите кога се собираат поголеми количини на смет на дневна основа. Но, состојбата на терен од ден на ден е сè полоша.
Зоран Димовски
