МНР

МНР: Македонски државјанин побара помош од Нигер, бараме начин за негова евакуација

03.08.2023 15:37

Од МНР со апел до македонските државјани да избегнуваат патување во Нигер, а оние кои се наоѓаат на таа територија, веднаш да ја напуштат државата...

Преку амбасадата во Каиро се работи на обезбедување за извлекување на наш државјанин од Нигер, кој има побарано помош, соопштуваат од македонското Министерство за надворешни. Додаваат оти се водат интензивни преговори со нашите партнери и сојузници кои имаат претставништва во Нигер. Од МНР со апел до македонските државјани да избегнуваат патување во Нигер, а оние кои се наоѓаат на таа територија, веднаш да ја напуштат државата.

Македонските граѓани кои се наоѓаат во Нигер, треба да ги остават своите податоци во македонската амбасада во Каиро.