Богданци
Пожар во Богданци
03.08.2023 15:48
Три „Ер-трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување им помагаат на пожарникарите од Гевгелија.

Околу 11.00 часот во месноста викана Брдаров камен веднаш до препумпната станица на хидросистемот „Дојранско Езеро“ избувнал пожар во нискостеблеста деградирана шума и сува трева.
Поради опасност пожарот да се прошири кон ветерниот парк „Богданци“, три „Ер-трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување им помагаат на пожарникарите од Гевгелија.
