Се евакуираат европските државјани кои живеат и работат во Нигер
Во Нигер, новото африканско буре барут, се евакуираат странците, особено европејците. Вашингтон делумно го повлекува персоналот од амбасадата во земјата богата со ураниум. Од соседен Мали си замина германскиот контингент...

САД и Велика Британија го намалија персоналот на амбасадите во Ниамеј. Стотици странски државјани веќе се евакуирани откако демонстранти ја нападнаа француската амбасада. Нигер е клучен сојузник на Западот во борбата против џихадистичкиот екстремизам во Сахел.
По воениот удар, Нигер се претвори во буре барут за Африканскиот континент. Новиот лидер на армијата Чиани со критика до меѓународната заедница која го осуди пучот, а од народот побара подготвеност да си ја брани татковината. Чиани вети услови за мирен преоден период до нови избори. Западноафриканскиот блок ЕКОВАС не ја исклучува можноста од употреба на воена сила доколку претседателот Базум не биде ослободен од домашен притвор и вратен на позицијата до 6-ти август.
„Непријателскиот и радикален став не помага ни за решавање на новата ситуација предизвикана од преземањето на моќта од страна на Националниот совет за зачувување на земјата, ни за заедничката борба против тероризмот“, изјави Генерал Абдурамане Чиани, лидер на пучот.
Неговите поддржувачите одржаа протест во Ниамеј против заканите од странска интервенција на одбележувањето на годишнината на независноста од поранешниот колонизатор Франција. Инаку, народот веќе ги чувствуваа последиците од воведените туристички и економски санкции.
„Знаеме дека имаме трговска размена со соседните земји зашто немаме директен излез на море. Се што нарачуваме пристигнува на пристаништата на соседите, и оттаму се носи до Нигер. Па, ако овие земји решат да ги затворат границите, тоа ќе влијание врз социо-економскиот живот на Нигерците“.
Западот изрази загриженост дека Нигер и соседните земји се под силно влијание на Москва, особено Мали каде што веќе пристигнаа 1.000 борци на руската паравојска Вагнер.
Маја С. Филдишев
