Сообраќај
МВР: 1.874 санкционирани возачи на мотоцикли, 45 мотоцикли одземени
03.08.2023 18:31
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови...

Во текот на месец јули 2023 година спроведени беа засилени акциски контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 1.874 возачи. Од нив, 1.266 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 308 возеле без возачка дозвола, 45 мотоцикли биле одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта, информираат од МВР.
