Министерството ги поддржува заложбите на медицинските синдикати за подобар здравствен систем
Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити на последниот состанок со претседателот на Синдикатот на Клинички центар д-р Предраг Серафимовски и со д-р Љубиша Каранфиловски претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита разговараа за состојбите во здравството и беа спомнати повеќе идеи во врска со Клинички центар, специјализациите, подобри услови за работа на здравствените работници, нивно стручно усовршување...

Министерството за здравство ги поддржува заложбите на медицинските синдикални здруженија за подобар здравствен систем како и поефикасна здравствена услуга на пациентите. Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити на последниот состанок со претседателот на Синдикатот на Клинички центар д-р Предраг Серафимовски и со д-р Љубиша Каранфиловски претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита разговараа за состојбите во здравството и беа спомнати повеќе идеи во врска со Клинички центар, специјализациите, подобри услови за работа на здравствените работници, нивно стручно усовршување.
