Ракомет – Супер лига плеј – оф
Вардар победоносно низ Струмица!
20.05.2014 21:19
Иако се заморени од напорната сезона и веројатно ниту самите не веруваат во чудо и во одбрана на титулата, ракометарите на Вардар славеа на гостувањето кај Зомимак со 27:21. Долго Струмичани беа рамноправемн противник со желба како и минатата сезона да му одземат бод на Вардар, но серијата од 6:0 по 40-та минута беше клучна за седмиот првенствен триумф на црвено – црните. Во тие моменти расположен беше гостинскиот голман Ангелов кој за помалку од двесет минути собра пет интервенции. Марковиќ со 11 гола беше најефикасен и кај вардарци и на натпреварот.

Иако се заморени од напорната сезона и веројатно ниту самите не веруваат во чудо и во одбрана на титулата, ракометарите на Вардар славеа на гостувањето кај Зомимак со 27:21. Долго Струмичани беа рамноправемн противник со желба како и минатата сезона да му одземат бод на Вардар, но серијата од 6:0 по 40-та минута беше клучна за седмиот првенствен триумф на црвено – црните. Во тие моменти расположен беше гостинскиот голман Ангелов кој за помалку од двесет минути собра пет интервенции. Марковиќ со 11 гола беше најефикасен и кај вардарци и на натпреварот. Во Зомимак расположени беа Колев со 13 одбрани и Чантурија со 6 погодоци.
Со оваа победа Вардар се израмни со по 21 бод со лидерот Металург, но е втор поради послабиот меѓусебен дуел. Зомимак е трет со 15, Пелистер има 13, Пролет 4, последнопласираниот Металург јуниор е без бодови.
