Трамп се изјасни за невин по обвиненијата
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се изјасни за невин по обвиненијата од Федералниот суд во Вашингтон, за заговор за поништување на изборниот резултат во 2020-та година. Рече дека ова е класичен прогон на политички противник...

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се враќа во Њу Џерси, откако во судот во Вашингтон се изјасни за невин по обвинението за заговор за поништување на изборниот резултат во 2020-та година. Кривичната постапка ја нарече „прогон на политички противник“.
„Ова е прогон на личноста којашто води со многу, многу значителен број во републиканските прелиминарни избори, и во голема мера води пред Бајден. Значи, ако не можете да го победите, го прогонувате или го гоните“, изјави поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.
Обвинението го товари Трамп за четири кривични дела, вклучително и заговор за измама на американската влада и заговор за попречување на официјална постапка. Во случај на осуда му следува долгогодишна казна. Властите ги следеа демонстрантите пред зградата на судот, но не беа пријавени проблеми.
