Во Нигер, илјадници демонстранти повторно на улиците
Во Нигер нови демонстрации. „ЕКОВАС“ пристигна Ниамеј во обид да ја реши кризата, ултиматумот истекува в недела...

Илјадници демонстранти повторно на улиците во Ниамеј во знак на поддршка за минатонеделниот воен удар. Тие ги осудија западноафриканските земји кои воведоа санкции кон земјата и побараа заминување на странските војници. Делегација на „ЕКОВАС“ пристигна во Нигер во обид да ја реши кризата. На „пучистите“ ќе им ги достави барањата. Тие имаат рок до недела да го вратат уставниот поредок, во спротивно не исклучуваат можност за употреба на сила. Доколку дојде до воена интервенција, Сенегал најави дека ќе испрати свои војници.
„Сенегалските трупи ќе одат во Нигер, прво затоа што сме во организацијата на „ЕКОВАС“, второ затоа што мораме да ги запреме овие државни удари“, изјави Аисата Тал Сал, министерка за надворешни работи на Сенегал.
Соборениот претседател на Нигер, Мохамед Базум, ги повика сад и меѓународната заедница да помогнат во обновувањето на уставниот поредок во земјата.
