Продолжува борбата и меѓусебните обвинувања
Нови напади со дронови врз поморска база во Новоросијак, тврди руското Министерство за одбрана. Состојбата на фронтот тврди дека е тешко но дека украинските бранители доминираат, вели Зеленски...

Спречен обид за напад на украински дронови врз поморската база во Новоросијак, тврди руското Министерство за одбрана. Во текот на ноќта собориле десет дронови кои целеле на критичната инфраструктура на полуостровот Крим. Москва со масовна кампања успеала да ја прошири армијата со над 230 илјади војници.
„Задачата останува иста-да се направи договорна услуга што е можно попрестижна. За да се постигне тоа, во последните месеци беа донесени организациски, економски и социјални одлуки“, изјави Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија.
Земјата се обидува да ги зајакне своите осиромашени капацитети во Украина и да ја зголеми армијата на 1,5 милиони војници-бројка за која претходно рускиот министер за одбрана Шојгу тврдеше дека е потребна за да се гарантира исполнување на задачите и да се обезбеди безбедноста на земјата.
Зеленски изјави дека борбите на фронтот се тешки, но дека не се предаваат.
„Нападите се многу силни. Во правец на Купјанск, Лиман, Бахмут, Маринка, Авдејевка, секаде е тешко. Но, што и да прави непријателот, доминира украинската сила‘, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Тој додаде дека Украина работи на тоа да има повеќе системи за противвоздушна одбрана и дека тоа е задача на секој нејзин амбасадор и претставник.
