САД
Морнари на американската морнарица обвинети за издавање тајни со Кина
04.08.2023 09:55
Едниот обвинет пренесувал воени информации во замена за пари, а другиот, натурализиран Американец, обвинет е за кражба и продавање информации за националната одбрана...

Двајца морнари на американската морнарица се уапсени под обвинение за споделување тајни со Кина. Едниот обвинет пренесувал воени информации во замена за пари, а другиот, натурализиран Американец, обвинет е за кражба и продавање информации за националната одбрана.
Ова е само уште еден пример за тековната и дрска кампања на Кина, коментираат американските власти.
