МВР

Санкционирани 109 возачи во општина Чаир

04.08.2023 10:02

Вчера, во периодот од 16.30 до 23.30 часот, спроведена е засилена акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на општина Чаир во Скопје...

Вчера, во периодот од 16.30 до 23.30 часот, спроведена е засилена акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на општина Чаир во Скопје.

При контролата санкционирани се 109 возачи, од кои 41 мерка за возење повеќе од дозволената брзина, 15 санкции возачи на мотоцикл кои не користеле заштитна кацига за време на возење, седум мерки за возење без возачка дозвола, 22 санкции за непрописно паркирани возила, информираат од МВР.