МВР

Приведен албански државјанин, употребил туѓа патна исправа

04.08.2023 11:15

На 03.08.2023 во 16.30 часот, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал го лишиле од слобода В.А.(36) од Република Албанија...

На 03.08.2023 во 16.30 часот, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал го лишиле од слобода В.А.(36) од Република Албанија, затоа што кај него била пронајдена македонска патна исправа на друго лице македонски државјанин.

Лицето било задржано во Полициската станица Кисела Вода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението на МВР.