Македонија

Пожарот кај Богданци ставен под контрола

04.08.2023 12:51

За сега е ставен под контрола пожарот кај Богданци, кој беше опасност за ветерниот парк. Противпожарните екипи се сè уште на терен. Во моментов нема, но доколку е потребно ќе се активира и воздушна поддршка, велат од центарот за управување со кризи. Пожар избувна и во Демир Хисар, екипи и таму интервенираат...

Ставен под контрола пожарот кај Богданци кој се закануваше дека ќе се прошири во близина на Ветерниот парк. Иако е локализиран, на наместа сè уште се појавуваат жаришта, но противпожарните екипи успешно успеваат да се справат со нив, велат од центарот за управување со кризи. На теренот интервенираат 62 пожарникари од повеќе градови, но и тимови од национални шуми, Јавното комунално претпријатие „Богданци“ и Дирекцијата за заштита и спасување. Во моментов нема потреба од воздушна поддршка, велат од ЦУК, но доколу е потребно на располагање се три „Ер-трактори“ и два хеликоптера на МВР.

Противпожарни екипи од Демир Хисар се борат и со пожарот кои денеска избувна во близина на селото Сопотница. Гори сува трева, но постои опасност огнот да се прошири кон блиската зимзелена шума. Пожарот набрзо бил изгаснат, но повторно се разгорел. Сепак, во моментов е повторно под контрола, информираат од ЦУК. И во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 23 пожари на отворено, но набрзо се ставени под контрола. Од Центарот за управување со кризи апелираат, граѓаните да бидат внимателни, да не распалуваат оган на отворено, а особено ги предупредуваат земјоделците да не ги палат стрништата и пасишта.

 

Маја Стојанова