Иванов на аудиенција кај папата Франциск
Иванов ја предводи македонската државна и црковна делегација, што престојува во Рим и Светата Столица, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“...

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Ватикан ќе има средба со поглаварот на римокатоличката црква, папата Франциск. По аудиенцијата кај Папата, шефот на државава ќе има средба со државниот секретар на светиот престол Монсињор Пјетро Паролин.
Иванов ја предводи македонската државна и црковна делегација, што престојува во Рим и Светата Столица, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“.
Во Италија македонскиот претседател ќе има билатерална средба со својот италијански колега Џорџо Наполитано, а ќе одржи и предавања на универзитетот „Федерико Втори“ во Неапол и Институтот на Франко Фратини. Културната програма за чествувањето на „Свети Кирил“ опфаќа изложба „Словенски ракописи од Македонија од 13-тиот до 19-тиот век и изведба на балетската претстава „14 часа“ во театарот „Курино“.
Црковната делегација ја предводи поглаварот на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија господин господин Стефан, а во нејзиниот состав се и претставници на МПЦ-Охридска архиепископија и на Католичката црква во Македонија.
