Фестивалот „Охридско лето“ денеска го слави 63-от роденден
Фестивалот „Охридско лето“, најзначајната музичко сценска манифестација во земјава денеска го слави шеесет и третиот роденден. Оваа културна манифестација во изминатите повеќе од шест децении придонесе на летните сцени во Охрид и во црквата „Света Софија“ да продефилираат плејада светски музички и драмски уметници, кои со своите настапи оставија длабоки траги врз македонската и светската културна ризница …

Охридско лето денеска го слави 63-от роденден, ден кога во 1961 година во катедралната црква „Света Софија“ беше означено раѓањето на најголемата македонска културна манифестација со настапот на оперската дива Ана Липша Тофовиќ.
Фестивалот низ годините испиша богата историја, а од дирекцијата најавија дека вечерва на летната сцена Долни Сарај на публиката ќе и биде приредено ретко уникатно роденденско доживување.
Сашо Нелоски
