НАСА
Товарно летало стигна до вселенската станица на НАСА
04.08.2023 16:30
Леталото „цигнус“ успешно беше заробено од астронаутот на НАСА Вуди Хобург додека вселенската станица леташе над Мали во западна Африка, 418 км над земјата...

Беспилотно товарно вселенско летало стигна до меѓународната вселенска станица два дена откако беше лансирано од постројката Волопс во Вирџинија. Леталото „цигнус“ успешно беше заробено од астронаутот на НАСА Вуди Хобург додека вселенската станица леташе над Мали во западна Африка, 418 км над земјата.
НАСА соопшти дека вселенското летало носело околу 3.720 килограми материјали, опрема и научни експерименти.
