Промоција на македонското земјоделско на нови пазари
За поголема промоција на земјоделските производи годинава се планираат презентации на нови пазари. Освен ова ќе има и домашни маркетинг кампањи за производите со ниска национална потрошувачка...

Македонските брендови каде што беа досега непознати ќе се претставуваат на нови и пазари со голем број на потрошувачи и куповна моќ.
Ќе има субвенции за организиран настап на најизвезуваните македонски земјоделски производи.
Најмногу вино, свеж и преработен зеленчук и овошје во Кина, Русија, САД и дел од европските земји.
Ова е важно за брендираното промовирање на Македонија како винска земја се уште недоволно позната во светот.
Трошоците за закуп на саемски простор и промотивни материјали ќе ги обезбедени Владата.
Изборот на земјите е направен со здруженијата на производители на вино, преработувачите на овошје и зеленчук и економските промотори.
Методија Трајков
