мвр

Приведен крадец од Куманово

04.08.2023 18:34

Тој се сомничи дека на 02.08.2023, на бензинска пумпа на автопатот Куманово – Скопје, одзел паричник од Ч.И. од Република Албанија...

Вчера во 15.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Д.(44) од Куманово. Тој се сомничи дека на 02.08.2023, на бензинска пумпа на автопатот Куманово – Скопје, одзел паричник од Ч.И. од Република Албанија.

А.Д. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.